Timber by www.emsien3.com EMSIEN-3 Ltd

Жалби

Подобрување во нашето работење  може да се постигне само со сугестии однадвор и одвнатре. Доколку не сте задоволни од било која од нашите услуги, Ве молиме да не информирате на: Sector Cert Macedonia
 
Ќе направиме анализа на Вашите жалби и ќе Ви доставиме повратна информација. 

Сектор Церт Македонија

Стручнa обука, испит и сертификација

Од 2006 година Сектор Церт Македонија спроведува обуки, испити и сертификација на персонал за испитувања без разорување од сите области на индустријата. 
 
Сектор Церт Македонија е авторизиран испитен центар од страна на СЕКТОР Церт ГмбХ (СЕКТОР Церт Германија), независна компанија, овластена од страна на германското акредитациско тело (DAkkS) за регулирани и нерегулирани области и е предмет на ревизија секоја година. На овој начин можете да бидете сигурни дека сите обуки, испити, што се спроведуваат во нашиот испитен центар како и стекнатите сертификати се секогаш валидни, независни и актуелни.
 
Сертификатите на СЕКТОР Церт Германија се високо признаени на национално и меѓународно ниво. Сето ова е од особена вредност за нашите клиенти во нивната секојдневна работа за обезбедување на квалитет и контрола на квалитетот, за спречување на несреќи, материјална или еколошка штета.

Високи светски стандарди

Со нашите меѓународни партнери ние нудиме обуки според меѓународните стандарди како EN ISO 9712 и SNT-TC-1A.

Главни предности
На меѓународно ниво ќе го добиете истиот материјал за обука - развиен од страна на експерти.
  • Kористиме испитни прашања од база со приближно 13,000 прашања. Извлекувањето на испит е секогаш направено од страна на СЕКТОР Церт или од страна на надлежните органи.
  • Сите испитувачи се квалификувани и овластени од страна на СЕКТОР Церт.
  • Сертификацијата е секогаш направена во Германија од страна СЕКТОР Церт во согласност со релевантните стандарди и прописи како на пример, ISO 9712, PED, SNT-ТC-1A итн.
  • Нашите тренери имаат практично искуство, вклучени се во истражувачки проекти и се со искуство од индустриската област.
Во сите наши обуки нудиме одлично запознавање со физичките основи на методите, стандардите и практичните вежби. Нашите обуки, исто така, вклучуваат најнови информации за техниките и употребата на испитувањата.
 

Тимот на СЕКТОР Церт Македонија

Управител: Слободан Поповски
Раководител на центар за обука / организација на процес за обука - испит - сертификација: Даниела Саздова
Администрација: Бојан Дукоски 
 
 
 

DAkkS Акредитација
Може да го најдете сегашниот DAkkS - сертификат за акредитација овде.

ZLS Регистрација
Pic_1.jpg

ICNDT Сертификат за Регистарција
Pic 2

Наставен кадар

Сите членови  на нашиот наставен кадар поседуваат сертификат за соодветната метода, најмалку за нивото на кое тие предаваат или се квалификувани експерти во своите области. За да добијат дозвола за обучување, секоја година посетуваат дополнителни обуки. Покрај тоа, членовите на наставниот кадар мора да учествуваат на годишна размена на искуства и се надгледувани од страна на СЕКТОР Церт.

Повеќе артикли...