Timber by www.emsien3.com EMSIEN-3 Ltd

СЦМ Обуки

Обуки - Испити – Сертификација

Обуките се наменети за учесници од сите индустриски сектори. Наставната програма овозможува стекнување на основни знаења и практични вештини од секоја метода за испитување без разорување и ве подготвува за квалификациски испит, независно од вашето моментално познавање и работно место.
Обуките вклучуваат теоретски и практичен дел (практични активности има само во ниво 1 и 2). Помалиот број на учесници на една обука му овозможува на тренерот да се посвети детално на индивидуалните прашања на учесниците.

Дневната обука вклучува предавања, тест прашања за проверка на наученото и практични вежби за ниво 1 и 2.
Бидејќи обуките се насочени кон ИС (Индустриски Сектор), тест парчињата и уредите користени при практичните вежби за ниво 1 и 2 ги опфаќаат сите индустриски сектори и со тоа е овозможен целосен преглед на можните употреби на испитните методи.
Нашиот стручно-подготвен и актуелен наставен материјал ви помага во работата по завршувањето на дневната обука како и во подготовката за квалификацискиот испит.

Интерни обуки во вашата компанија

Доколку сакате повеќе од 5 вработени од вашата компанија истовремено да бидат квалификувани и сертифицирани во една метода и на исто ниво, тогаш изберете ја опцијата за интерни обуки. Имено, нашите обуки можеме во голема мера да ги прилагодиме според потребите на вашата компанија со цел вашиот персонал да го научи само она што навистина ви е потребно.
Ве молиме имајте предвид дека сертификатот тогаш ќе биде ограничен на секторот во кој вашата компанија функционира.

Ако имате било какви прашања поврзани со обуките за ниво 1 , 2 или ниво 3, ве молиме контактирајте ја Даниела Саздова на +389 (0)2 3222653 или на info@sector-cert.com.mk.