Timber by www.emsien3.com EMSIEN-3 Ltd

Радиографско испитување - Ниво 3

Содржина:
Обука на Ниво 3 обезбедува напредни знаења и вештини во однос на радиографско испитување. Следната табела дава посебен увид во програмата за обука.
 
Програма:
  • Научните основи
  • Стандардни техники на радиографско испитување
  • Индустриски извори на зрачење
  • Техники на дигитални радиографски испитувања
  • Евалуација на радиограмите
  • Контрола на квалитетот во однос на снимките и уредите
  • Специјални техники
  • Стандарди за радиографско испитување на заварени споеви
  • Стандарди за радиографско испитување на одливки
  • Стандарди за радиографско испитување на цевки
  • Изготвување на пишани процедури
Услови за учесниците:
Оваа обука се однесува на лица кои имаат квалификации во областа на инженерството или споредливи квалификации, имаат добиено квалификација во Основно III, го поминале Ниво 2 -практично радиографско испитување и имаат соодветни професионални искуства. Ако кандидатот нема Ниво 2 сертификат, во прилог на овој курс, мора да се помине практичен курс (32 часа) и да го положи практичниот дел од испитот Ниво 2.