Испитување со магнетни честички - Ниво 1+2
Содржина:
Оваа обука може да се резервира за Ниво 1 и Ниво 2 одделно или во комбинација. Со оваа обука ќе бидат опфатени посебните методи и принципи за магнетизација и демагнетизација. Особена важност ќе биде дадена на процесот на надзор и испитување, како и на проверување на опремата за испитување. Ќе бидат претставени различни техники за оцена кои обично се користат во различни индустриски сектори, заедно со најновите стандарди.
 Програма Ниво 1:
- Научни основи на испитување со магнетни честички - I
 - Ефект на магнетизирање на електричната струја
 - Техники на магнетизирање
 - Средства кои се користат за испитување со магнетни честички
 - Процедура , инструкции за испитување и извештаи од испитувањето
 - Научни основи за производи и нивни дефекти
 
Програма Ниво 2:
- Научни основи на испитување со магнетни честички - II
 - Детално визуелно испитување и откривање индикации
 - Опрема за внатрешна инспекција
 - Визуелна контрола и надзор при испитување со магнетни честички
 - Евалуација на испитувањата
 - Анализа на дефекти и несовршености кои се откриени со испитувањето
 
Услови за учесниците:
Оваа обука се однесува на лица кои се квалификувани работници ( со потврда за работа ) или имале имале слична обука. Пред квалификацискиот испит треба да се достави доказ за најмалку 2 недели професионално искуство (Ниво 1) и уште 3 недели професионално искуство ( ниво 2). Ако курсевите на Нивоата 1 и 2 се вршат истовремено , кандидатот треба да достави доказ за работно искуство од 4 недели. За инженери со дипломски студии признати во Германија, курсот може да биде скратен на 2 дена.