Испитување со течни пенетранти - Ниво 1+2
Содржина:
Оваа обука може да се резервира за Ниво 1 и за Ниво 2 одделно или во комбинација. Објаснети се посебни процедурални чекори и испитување, мерење и опрема за испитување. Детално се објаснети процедурите за испитување со пенетранти. Претставени се најновите стандарди, како што се DIN EN 571-1 / EN ISO 3452-1 што одговараат на различните индустриски сектори и можните дефекти, несовршености и критериумите за оценување.
  
 Програма:
- Научни основи на испитување со пенетранти - I
 - Подготовка и претходно чистење на површината за испитување
 - Пенетранти и процес на пенетрација
 - Постапка и средства за чистење и сушење
 - Процес на развивање и користење развивачи
 - Испитување и водење евиденција
 - Научни основи на Испитување со пенетранти - II
 - Опрема за испитување и медиуми
 - Надзор на системот за испитување
 - Евалуација на индикациите на испитување со пенетранти
 - Најнови стандарди во однос на Испитување со пенетранти
 - Анализа на примероци и грешки
 
 
 Услови за учесниците:
Оваа обука се однесува на лица кои се квалификувани работници ( со потврда за работа ) или имале слична обука ; пред квалификацискиот испит треба да се достави доказ за најмалку 2 недели професионално искуство (Ниво 1) и уште 3 недели професионално искуство ( ниво 2). Ако курсевите на нивоата 1 и 2 се вршат истовремено , кандидатот треба да достави доказ за работно искуство од 4 недели. За инженери со дипломски студии признати во Германија, курсот може да биде скратен на 2 дена.