Timber by www.emsien3.com EMSIEN-3 Ltd

 

Стручнa обука, испит и сертификација

Од 2005 година Сектор Церт Македонија спроведува обуки, испити и сертификација на персонал за испитувања без разорување од сите области на индустријата. Сертификатите на СЕКТОР Церт Германија се високо признаени на национално и меѓународно ниво. Сето ова е од особена вредност за нашите клиенти и нивната секојдневна работа за обезбедување на квалитет и контрола на квалитетот, за спречување на несреќи, материјални или еколошки штети.
 
Сектор Церт Македонија е испитен центар што е авторизиран од страна на СЕКТОР Церт Германија, независна компанија, овластена од страна на германското акредитациско тело (DAkkS) за регулирани и нерегулирани области и е предмет на ревизија секоја година. На овој начин можете да бидете сигурни дека сите обуки и испити што се спроведуваат во нашиот испитен центар како и стекнатите сертификати се секогаш валидни, независни и актуелни.

Високи светски стандарди

Со нашите меѓународни партнери нудиме обуки според меѓународните стандарди како EN ISO 9712 и SNT-TC-1A.
 
Главни предности:
На меѓународно ниво ќе го добиете истиот материјал за обука - развиен од страна на експерти.
  • Kористиме испитни прашања од база со приближно 13,000 прашања. Извлекувањето на испит е секогаш направено од страна на СЕКТОР Церт Германија или од страна на надлежните органи.
  • Сите испитувачи се квалификувани и овластени од страна на СЕКТОР Церт Германија.
  • Сертификацијата е секогаш направена во Германија од страна СЕКТОР Церт Германија во согласност со релевантните стандарди и прописи како ISO 9712, PED, SNT-ТC-1A итн.
  • Нашите тренери имаат практично искуство, вклучени се во истражувачки проекти и се со искуство од индустриската област.
Во сите наши обуки нудиме целосно запознавање со физичките основи на методите, стандардите и практичните вежби. Нашите обуки, исто така, вклучуваат најнови информации за техниките и употребата на испитувањата.
 

Тимот на СЕКТОР Церт Македонија

Управител: Слободан Поповски
Раководител на центар за обука / организација на процес за обука - испит - сертификација: Даниела Саздова
Администрација: Бојан Дукоски