Timber by www.emsien3.com EMSIEN-3 Ltd

ресертификација.png

Како да се постапи?

Носителот на сертификатот за продолжување на валидноста на сертификатот треба да ги достави следниве документи:
  • Документиран доказ за задоволително испитување на визуелна острина, не постар од 12 месеци.
  • Потврдени документирани докази за континуирана и задоволителна работна активност, без значителни прекини на методот на испитување и секторот за кои се бара продолжување на сертификатот.
Забелешка: Носителот на сертификатот може да ги достави документите за продолжување најрано 9 пред месеци пред истекот на сертификатот. Дополнително на овие документи носителот на сертификатот мора да го полага квалификацискиот испит за ресертификација.
 
Испитот за ресертификација Ви дава можност да ги докажете продлабочените практични способности што сте ги добиле во однос на контрола на различни производи од соодветните сектори во рамките опфатени со Вашиот сертификат. Испитот за ресертификација за Нивоата 1 + 2, се состои од целиот практичен дел на испитот, што веќе сте го поминале првиот пат кога сте се здобиле со сертификат. За учесниците, кои имаат намера да се здобијат со Ниво 2, вклучува и испит за подготовка на пишани инструкции за Ниво 1-персонал.
 

Кога сертификатите мора да се обноват?

По истекот на 5 години од почетниот или рецертификацискиот испит. Обновениот сертификат исто така е валиден 5 години.
 
Услови за обновување
 
Носителот на сертификатот за обновување треба да ги достави следниве документи:
  • Документиран доказ за задоволително испитување на визуелна острина, не постар од 12 месеци.
  • Потврдени документирани докази за континуирана и задоволителна работна активност, без значителни прекини на методот на испитување и секторот за кои се бара обновување на сертификатот. (Ако овој критериум за обновување не е исполнет, поединецот треба да ги следи истите правила како за ресертификација)
Забелешка: Одговорност на носителот на сертификатот е да ги достави документите за обновување во рок од 6 месеци пред истекот на сертификатот.
По исклучок ако документите за обнова на сертификатот се поднесат во рок од 12 месеци од денот на истекот мора да се земе во предвид (EN ISO 9712, 10.2). Ве молиме информирајте се, или директно по телефон на +389 2 3222653 или преку е-мејл.
 
Што ако рокот е поминат?
По поминување на 12 месеци од истекот на сертификатот повеќе не е дозволена обновата. Кандидатот мора да аплицира за ресертификациски испит (полагање на цел практичен испит).
 
Јазик на кој се изведува обуката: Англиски, Македонски или јазикот на државата во која се врши обуката. Кандидатите мора добро да го владеат јазикот на кој се одржува обуката и претпоставка е дека имаат завршено средно образование. 
 
Физика и математика: Кандидатите мора да имаат основно познавање на ниво на квалификуван работник.
 
Подготовка за испитот: Ова е обновување на веќе постоечките практични способности на кандидатот, но во никој случај не е замена за практичната или теоретската обука. 
 
Испит: Вообичаено се спроведува еден ден по завршувањето на обуката. Во случај на комбиниран тип на обука за ниво 1 и 2, испитите се спроведуваат истиот ден. 
 
Облека и опрема за лична заштита: Двете обуки, Ниво 1 и Ниво 2 како и практичниот дел вклучуваат вешта мануелна работа. Кандидатите треба да носат соодветна работна облека и опрема за лична заштита (заштитни обувки, очила, комбинезони итн.). Испитниот центар не е должен да обезбеди заштитна опрема за кандидатите.
 
Прописи за безбедност: На почетокот на секоја обука кандидатите се запознаваат со правилата за безбедност. Во случај на прекршување на овие правила, испитниот центар не презема никаква одговорност и засегнатиот кандидат може да биде исклучен од остатокот од обуката.
 

Период на професионално искуство и тест за визуелна способност: Пред аплицирање за обука и испит, препорачливо е кандидатите да имаат определено работно искуство за соодветната метода на која се пријавуваат за свое учество. Периодот на работно искуство кој се бара за соодветната метода не кореспондира со периодот на професионално искуство потребно за сертификација. Исто така, кандидатот треба да има и доказ за валиден тест за визуелна способност.

 
Тестот за визуелна способност можете да го преземете на следниот линк: Attestation of visual acuity EN
 

За сертификација е неопходно работно искуство во бараната метода и применливата област.
Подолу во табелата потребното работно искуство е прикажано во денови, за секоја метода/ниво поединечно:

МетодИскуство (во денови)
Ниво 1Ниво 2Ниво 2 директен пристапНиво 3 со Level 2Ниво 3 директен пристап b
Ултразвучно испитување (UT) 45  135  180 450 540
Радиографско испитување (RT) 45  135 180 450 540
Испитување со пенетранти (PT) 15 45 60 240 360
Испитување со магнетни честички (MT) 15 45 60 240 360
Визуелно испитување (VT) 15 45 60 240 360


*
Времетраењето на еден ден е најмалку 7 часа и може да се постигне во еден ден или со акумулирање на часови. Максимален број на дозволени часови во еден ден е 12 часови. Искуството во денови се пресметува со делење на вкупно акумулираните часови со 7. 

b Само со високо образование

Кодекс на професионална етика

Општи информации
Со најдобро користење на стекнатото знаење, носителот на сертификатот треба да се однесува на начин кој спречува лични повреди и причинување штета на имотот и животната средина. Тој треба да ги задржи на највисоко ниво, да ги обновува своите технички способности и да покаже лојалност и непристрасност во однос на интересите на работодавачите, клиентите и државните органи.
 
Однос со работодавачот
Носителот на сертификатот во согласност со принципите на професионалната етика треба да биде во договорен однос со работодавачот со точно дефинирани функции, задачи и одговорности. Тој е одговорен и за правилно толкување и почитување на дадените податоци и информации на неговиот сертификат.
 
Одговорност кон јавноста
Носителот на сертификатот при неговото вршење на  дејност, мора да го заштити јавното добро, преку информирање на надлежните органи секогаш кога е потребно како и со одбивање одредени одговорности или вршење на задачите за кои тој / таа не е квалификуван. Тој / таа мора објективно и професионално да ги изготвува сите пишани документи и не е дозволено да потпише било какви документи, чија содржина не е во можност да се потврди, или содржина која тој не ја одобрува.
 
Конфликт на интереси
Носителот на сертификатот треба да избегне секакви конфликти со нејзините / неговите претпоставени и клиенти. Сепак, во случаите каде што конфликтите се неизбежни, треба да ги информира заинтересираните страни за причината на конфликтот, искрено и без одлагање. Тој не смее да прифати плаќања од две различни страни за остварувањето на една иста задача, или плаќања од било кој вид што ќе имаат влијание врз неговата професионална одлука.
 
Прекршоци
Ако се покаже дека биле прекршени овие принципи на професионална етика, СЕКТОР Церт има право да ги поништи сите сертификати кои се издадени.
Преземете го етичкиот кодекс како PDF - Principles of professional ethics EN