Timber by www.emsien3.com EMSIEN-3 Ltd

Испитување со магнетни честички - Ниво 1+2

Содржина:
Оваа обука може да се резервира за Ниво 1 и Ниво 2 одделно или во комбинација. Со оваа обука ќе бидат опфатени посебните методи и принципи за магнетизација и демагнетизација. Особена важност ќе биде дадена на процесот на надзор и испитување, како и на проверување на опремата за испитување. Ќе бидат претставени различни техники за оцена кои обично се користат во различни индустриски сектори, заедно со најновите стандарди.


Програма Ниво 1:

  • Научни основи на испитување со магнетни честички - I
  • Ефект на магнетизирање на електричната струја
  • Техники на магнетизирање
  • Средства кои се користат за испитување со магнетни честички
  • Процедура , инструкции за испитување и извештаи од испитувањето
  • Научни основи за производи и нивни дефекти

Програма Ниво 2:

  • Научни основи на испитување со магнетни честички - II
  • Детално визуелно испитување и откривање индикации
  • Опрема за внатрешна инспекција
  • Визуелна контрола и надзор при испитување со магнетни честички
  • Евалуација на испитувањата
  • Анализа на дефекти и несовршености кои се откриени со испитувањето

Услови за учесниците:
Оваа обука се однесува на лица кои се квалификувани работници ( со потврда за работа ) или имале имале слична обука. Пред квалификацискиот испит треба да се достави доказ за најмалку 2 недели професионално искуство (Ниво 1) и уште 3 недели професионално искуство ( ниво 2). Ако курсевите на Нивоата 1 и 2 се вршат истовремено , кандидатот треба да достави доказ за работно искуство од 4 недели. За инженери со дипломски студии признати во Германија, курсот може да биде скратен на 2 дена.