Американски стандарди Ниво 2
ACCP дополнителен испит според стандардите на Американското друштво за не-деструктивни испитувања (ASNT) за сопствениците на EN ISO 9712 Ниво 2 сертификати
Содржина и цели:
Ние овозможуваме да се здобиете со дополнителни знаења и специјализирана дополнителна обука според Американските стандарди за садови под притисок - " ASME Boiler & Pressure Vessel Code ". Следниот преглед ги опфаќа разликите помеѓу EN ISO 9712 и ACCP.
Програма:
- Структура на ASME кодот
- Разлики во филозофијата на испитување
- Специфичности во методите на испитување во Секција V и XI од ASME кодот
- Подготовка за испит
Обука и испит за методите на површински испитувања (МТ / PT / VT):
За секоја метода - 1 ден обука и 1 ден испит
Обука и испит за методите на волуменски испитувања (RT / UT):
За секоја метода - 2 дена обука и 1 ден испит
Испитот е на англиски јазик и се спроведува од страна на ASNT набљудувачите.
Услови за учесниците:
Оваа обука е наменета за лица со соодветено Ниво 2, како и положен испит и валиден Sector Cert сертификат во согласност со EN ISO 9712 за Ниво 2.
ВАЖНО: Пријава за обука за ASNT може да се најде на www.sector-cert.com.mk. Може да се користат само објавените формулари. Надоместоците (како што е наведено во пријавата) мора да бидат платени пред испитот директно на ASNT. Ве информираме дека пријавите мора да бидат примени од страна на Сектор Церт најмалку 6 недели пред датумот на наменет испит.
Датумите за обука и испит може да се организираат во согласност со барањата. Ве молиме контактирајте со Даниела Саздова +389 (0) 70 283 568 или на info@sector-cert.com.mk