Ултразвучно испитување - Ниво 1+2
Ултразвучно испитување ниво 1
Содржина:
Обуката ги овозможува основните знаења и вештини во однос на ултразвучно испитување на заварени споеви, леани и ковани производи. Објаснети се и практично применети основните техники на испитување, како што се употребата на вертикални и коси бранови на распростирање и техники на контакт и потопување.
Калибрација на ултразвучни системи со помош на калибрациски блокови претставува основа на локализацијата и описот на рефлекторите, што е и целта на Ниво 1 обуката.
Програма:
- Физички основи на ултразвучно испитување
- Воспоставување на ултразвучното поле, ултразвучна опрема
- Опрема за калибрација со користење на стандардни калибрациски блокови
- Основи на калибрација на испитување со нормална сонда
- Ултразвучно испитување на валани и ковани производи
- Ултразвучно испитување на одливки
- Основи на калибрација на испитување со аголна сонда
- Ултразвучно испитување на заварени споеви, цевководи, челични конструкции и резервоари
Услови за учесниците:
Оваа обука се однесува на лица кои се обучени квалификувани работници или лица со слична обука. Доказ за работно искуство од најмалку 2 недели, треба да биде доставен пред квалификацискиот испит.
Ултразвучно испитување ниво 2
Содржина:
Обуката на Ниво 2 ги проширува знаењата и праксата на методот на ултразвучно испитување. Презентирани се нови теми, како што се: воведување на DGS методата и презентирани се параметрите кои влијаат врз резултатите од испитувањето и можности за испитување. Овозможени се посебни знаења во врска со користењето и интерпретацијата на стандарди, спецификации за испитување и други прописи од различни индустриски сектори.
Програма:
- Закони на звучното распространување
- Калибрација на звучната патека и калибрациска сензибилност
- Контрола и надзор на опремата која се користи за ултразвучно испитување
- Влијание на материјалите за време ултразвучно испитување
- Влијание на геометријата на објектот на ултразвучното испитување
- Евалуација на ултразвучни индикации
- Несовршености во одливки
- Методи и стандарди за инспекција на одливки
- Несовршености во ковани производи
- Методи и стандарди за инспекција на ковани производи
- Несовршености во валани производи
- Методи и стандарди за инспекција на валани производи
- Несовршености во заварени споеви
- Методи и стандарди за испитување на заварени споеви
- Производство на цевки, несовршености и техники на испитување во производство на цевки
- Методи и стандарди во однос на тестирањето на одливки
Услови за учесниците:
Оваа обука се однесува на лица со искуство во испитувања, општо познавање на ултразвучно испитување на Ниво 2 (EN ISO 9712) и валиден UT Ниво 2 сертификат врз основа на EN ISO 9712.
UTW1-Ултразвучно мерење на дебелини
Содржина:
Мерења на дебелина често се користат на задачи од одржување и поправки на цевководи и бродови. Како на пример, служат за откривање на општа ерозивна корозија или селективна корозија, кавитација или ерозија. Персоналот кој ги извршува овие задачи често има солидно познавање за процена на наодите, без дополнителни вештини и знаење на ултразвучно испитување. Способноста на кандидатот за спроведување и оценување на мерење дебелини може да се потврди со ограничен UT1 сертификат (EN ISO 9712) ("скратен" испит со 30 писмени прашања и 1 тест примерок).
Курсот може да биде скратен на 3 дена и ограничен на една област на примена (на пример, одржување на брод или на производство на одливки); Меѓутоа, во тој случај нема да биде потврден со EN ISO 9712.
Програма:
- Физички основи на ултразвучно испитување
- Производство на ултразвук, тест сонди и уреди за испитување
- Подесување на инструментите и уредите
- Основи на директно скенирање
- Оштетувања предизвикани од корозија и ерозија
- Ултразвучно мерење на дебелина
Услови за учесниците:
Оваа обука се однесува на лица со најмалку 3 месеци професионално искуство на ултразвучно мерење на дебелина.