Ултразвучно испитување - Ниво 3
Содржина:
Ниво 3 обука за ултразвучно испитување е дизајнирана за да се зајакнат основните знаења на кандидатот. Во прилог на стандардните техники, ќе се обработат нови техники на ултразвучно испитување. Ќе биде објаснето и автоматското ултразвучно испитување. Подолу се прикажани поединечните теми на обуката:
Програма:
- Научни основи на ултразвучно испитување
- Стандардни рачни техники на ултразвучно испитување
- Нови техники ултразвучно испитување
- Автоматизирано ултразвучно испитување на производни линии
- Презентација и евалуација на резултатите од ултразвучното испитување
- Карактеристики и контрола на ултразвучната опрема за испитување
- Специјални техники и примена
- Стандарди за ултразвучно испитување на одливки, одковки и шипки
- Стандарди за ултразвучно испитување на заварени споеви
- Стандарди за ултразвучно испитување на лимови и цевки
- Изготвување на процедура - водич за ултразвучно испитување
Услови за учесниците:
Оваа обука се однесува на лица кои имаат квалификации во областа на инженерството или споредливи квалификации, имаат добиено квалификација во Основно III, го поминале Ниво 2 –практично ултразвучно испитување и имаат соодветни професионални искуства. Ако кандидатот нема Ниво 2 сертификат, во прилог на овој курс, мора да се помине практичен курс (32 часа) и да го положи практичниот дел од испитот Ниво 2.