Timber by www.emsien3.com EMSIEN-3 Ltd

Испитување со магнетни честички - Ниво 3

Содржина:
Со оваа Ниво 3 обука продлабочени се на научни основи, двете методи на испитување. Курсот се занимава подетално се со соодветните техники за испитувањата и  постигнување на целите. Одредени теми на обуката се дадени во следната листа.
 
Програма:
  • Научни основи на магнетизам
  • Проток на магнетниот флукс и индикации од магнетни честички
  • Магнетизација и техники за демагнетизација
  • Опрема за испитување со магнетни честички
  • Евалуација на индикации од испитување со магнетни честички
  • Следење и надзор на испитувања со магнетни честички
  • Специјални техники за испитување со магнетни честички и други магнетни методи
  • CEN стандарди кои се однесуваат на испитување со магнетни честички
  • Процедура за изработка на пишана МТ постапка
Услови за учесниците:
Оваа обука се однесува на лица кои имаат квалификации во областа на инженерството или споредливи квалификации, имаат добиено квалификација во Основно III, го поминале Ниво 2 -практично испитување со магнетни честици за и имаат соодветни професионални искуства. Ако кандидатот нема Ниво 2 сертификат, во прилог на овој курс, мора да се помине практичен курс и да го положи практичниот дел од испитот Ниво 2.
 

Визуелно испитување - Ниво 1+2

Содржина:
Оваа обука може да се резервира за Ниво 1 и Ниво 2 одделно или во комбинација. Со курсот на ниво 1 ќе дознаете што е оптичко зрачење и како тоа може да се користи за ефективно откривање грешки и испитување на облик или површина. Оперативните техники на визуелна тестирање (директно / индиректно, локално / преглед) и основите на ендоскопија се прикажани со помош на практични примери. На обуката на Ниво 2 ќе бидат објаснети листа на стандардни категории на грешки и развивање на техники за евалуација во производството на цевки, одливки и заварени споеви врз основа на стандардите.

Програма  Ниво 1:

  • Физичките основи на визуелно испитување - I
  • Техники на работа при визуелно испитување
  • Осветлување за директно визуелно испитување
  • Помошно осветлување и уреди за директно визуелно испитување
  • Научни основи на дефекти - I , несовршености предизвикани во производство
  • Типични примери на примена на директно визуелно испитување

Програма  Ниво 2:

  • Физичките основи на визуелно испитување - II
  • Детали за откривање несовршености со визуелно испитување
  • Опрема за набљудување на внатрешност
  • Контрола и надзор на визуелни системи за испитување
  • Евалуација во согласност со прописите
  • Студија на дефекти - II несовршености предизвикани во производство
Услови за учесниците:
Оваа обука се однесува на лица кои се обучени квалификувани работници или имале слична обука; мора да се достави доказ за работно искуство од најмалку 2 недели пред квалификацискиот испит. За инженери со диплома призната во Германија, обуката може да се скрати на првите 2 дена.

Испитување со магнетни честички - Ниво 1+2

Содржина:
Оваа обука може да се резервира за Ниво 1 и Ниво 2 одделно или во комбинација. Со оваа обука ќе бидат опфатени посебните методи и принципи за магнетизација и демагнетизација. Особена важност ќе биде дадена на процесот на надзор и испитување, како и на проверување на опремата за испитување. Ќе бидат претставени различни техники за оцена кои обично се користат во различни индустриски сектори, заедно со најновите стандарди.


Програма Ниво 1:

  • Научни основи на испитување со магнетни честички - I
  • Ефект на магнетизирање на електричната струја
  • Техники на магнетизирање
  • Средства кои се користат за испитување со магнетни честички
  • Процедура , инструкции за испитување и извештаи од испитувањето
  • Научни основи за производи и нивни дефекти

Програма Ниво 2:

  • Научни основи на испитување со магнетни честички - II
  • Детално визуелно испитување и откривање индикации
  • Опрема за внатрешна инспекција
  • Визуелна контрола и надзор при испитување со магнетни честички
  • Евалуација на испитувањата
  • Анализа на дефекти и несовршености кои се откриени со испитувањето

Услови за учесниците:
Оваа обука се однесува на лица кои се квалификувани работници ( со потврда за работа ) или имале имале слична обука. Пред квалификацискиот испит треба да се достави доказ за најмалку 2 недели професионално искуство (Ниво 1) и уште 3 недели професионално искуство ( ниво 2). Ако курсевите на Нивоата 1 и 2 се вршат истовремено , кандидатот треба да достави доказ за работно искуство од 4 недели. За инженери со дипломски студии признати во Германија, курсот може да биде скратен на 2 дена.

Ултразвучно испитување ниво 1

Содржина:
Обуката ги овозможува основните знаења и вештини во однос на ултразвучно испитување на заварени споеви, леани и ковани производи. Објаснети се и практично применети основните техники на испитување, како што се употребата на вертикални и коси бранови на распростирање и техники на контакт и потопување.
Калибрација на ултразвучни системи со помош на калибрациски блокови претставува основа на локализацијата и описот на рефлекторите, што е и целта на Ниво 1 обуката.
 
Програма:
  • Физички основи на ултразвучно испитување
  • Воспоставување на ултразвучното поле, ултразвучна опрема
  • Опрема за калибрација со користење на стандардни калибрациски блокови
  • Основи на калибрација на испитување со нормална сонда
  • Ултразвучно испитување на валани и ковани производи
  • Ултразвучно испитување на одливки
  • Основи на калибрација на испитување со аголна сонда
  • Ултразвучно испитување на заварени споеви, цевководи, челични конструкции и резервоари
Услови за учесниците:
Оваа обука се однесува на лица кои се обучени квалификувани работници или лица со слична обука. Доказ за работно искуство од најмалку 2 недели, треба да биде доставен пред квалификацискиот испит.
 

Ултразвучно испитување ниво 2

Содржина:
Обуката на Ниво 2 ги проширува знаењата и праксата на методот на ултразвучно испитување. Презентирани се нови теми, како што се: воведување на DGS методата и презентирани се параметрите кои влијаат врз резултатите од испитувањето и можности за испитување. Овозможени се посебни знаења во врска со користењето и интерпретацијата на стандарди, спецификации за испитување и други прописи од различни индустриски сектори.
Програма:
  • Закони на звучното распространување
  • Калибрација на звучната патека и калибрациска сензибилност
  • Контрола и надзор на опремата која се користи за ултразвучно испитување
  • Влијание на материјалите за време ултразвучно испитување
  • Влијание на геометријата на објектот на ултразвучното испитување
  • Евалуација на ултразвучни индикации
  • Несовршености во одливки
  • Методи и стандарди за инспекција на одливки
  • Несовршености во ковани производи
  • Методи и стандарди за инспекција на ковани производи
  • Несовршености во валани производи
  • Методи и стандарди за инспекција на валани производи
  • Несовршености во заварени споеви
  • Методи и стандарди за испитување на заварени споеви
  • Производство на цевки, несовршености и техники на испитување во производство на цевки
  • Методи и стандарди во однос на тестирањето на одливки
Услови за учесниците:
Оваа обука се однесува на лица со искуство во испитувања, општо познавање на ултразвучно испитување на Ниво 2 (EN ISO 9712) и валиден UT Ниво 2 сертификат врз основа на EN ISO 9712.
 
 

UTW1-Ултразвучно мерење на дебелини

Содржина:
Мерења на дебелина често се користат на задачи од одржување и поправки на цевководи и бродови. Како на пример, служат за откривање на општа ерозивна корозија или селективна корозија, кавитација или ерозија. Персоналот кој ги извршува овие задачи често има солидно познавање за процена на наодите, без дополнителни вештини и знаење на ултразвучно испитување. Способноста на кандидатот за спроведување и оценување на мерење дебелини може да се потврди со ограничен UT1 сертификат (EN ISO 9712) ("скратен" испит со 30 писмени прашања и 1 тест примерок).
Курсот може да биде скратен на 3 дена и ограничен на една област на примена (на пример, одржување на брод или на производство на одливки); Меѓутоа, во тој случај нема да биде потврден со EN ISO 9712.
 
Програма:
  • Физички основи на ултразвучно испитување
  • Производство на ултразвук, тест сонди и уреди за испитување
  • Подесување на инструментите и уредите
  • Основи на директно скенирање
  • Оштетувања предизвикани од корозија и ерозија
  • Ултразвучно мерење на дебелина
Услови за учесниците:
Оваа обука се однесува на лица со најмалку 3 месеци професионално искуство на ултразвучно мерење на дебелина.

Метода: Радиографско испитување (RT), обука и испит базирани на EN ISO 9712

Радиографско испитување Ниво 1

Содржина:
Обуката ги овозможува основните знаења и вештини во однос на радиографско испитување со Х-зраци и гама зраци. Со разбирање на својствата на јонизирачкото зрачење , познавање на пропусните особини на материјалите, објаснет е правилниот избор на јачина на зрачење и изворот на енергија. Разгледани се предусловите на факторите кои влијаат на квалитетот на сликата, преку одредување нагеометриските услови за снимање и изборот на филмови и фолии. На крајот на обуката, кандидатот ќе може да го утврди квалитетот на сликата на различни тест парчиња.
 
Програма:
  • Научни основи на радиографско испитување
  • Основи на Х-зрачење и гама зрачење
  • Пропусност и избор на енергија
  • Филмови и фолии
  • Геометриски услови на снимање
  • Филм за обработка и гледање
  • Фактори кои влијаат на квалитет на сликата и утврдување на квалитетот на сликата
  • Општо испитување и техники на објектно испитување
Услови за учесниците:
Оваа обука се однесува за кандидати со квалификации или претходна слична обука ; доказ за работно искуство најмалку 2 недели "мора да се достави пред полагање на испитот .

   

Радиографско испитување ниво 2


Содржина:
Оваа двонеделна обука овозможува напредни знаења и вештини во однос на радиографските испитувања. Основните познавања на кандидатите се засилени , објаснети се значењето на термините како фактор на зголемување, квалитет на сликата и тест на осетливостст  и стандардите за одредени производи во зависнот со одредени индустриски сектори. Посебен осврт на : евалуација на филм во практични услови , планирање на испитувањето вклучувајќи изготвување на пишани упатства и верификација на резултатите од тестот. Обуката вклучува 4-дневна практична работа.
 
Програма:
  • Објект и контраст на зрачење
  • Филмски систем и филмски контраст
  • Утврдливост на деталите и одредување на квалитетот на сликата
  • Област подложна на евалуација, дисторзија и обем на објектот
  • Специјални извори на зрачење, техники на снимање и приемници на зрачење
  • Евалуација на радиографски слики
  • Одливки и дефекти на одливки
  • Евалуација на радиографски снимања на одливки
  • Заварени споеви и дефекти при заварување
  • Евалуација на радиографски снимки на заварените споеви
  • Основи на дигитална радиографија
Услови за учесниците:
Оваа обука се однесува на лица кои се обучени квалификувани работници или лица со слична обука. Учесниците треба да достават доказ за работно искуство од најмалку 3 месеци , присуство на Ниво 1 обука ( присуство без положен испит ) и уште 4 недели (Ниво 2) професионално искуство