Стручнa обука, испит и сертификација
Сектор Церт Македонија е авторизиран испитен центар од страна на СЕКТОР Церт ГмбХ (СЕКТОР Церт). СЕКТОР Церт е независна компанија и е овластена од страна на германското акредитациско тело (DAkkS) за регулирани и нерегулирани области и е предмет на ревизија секоја година. На овој начин можете да бидете сигурни дека сите обуки, испити, што се спроведуваат во нашиот испитен центар како и стекнатите сертификати се секогаш валидни, независни и актуелни.
Од 2005 година Сектор Церт Македонија спроведува обуки , испити и сертификација на персонал за испитувања без разорување од сите области на индустријата. Сертификатите на СЕКТОР Церт се високо признаени на национално и меѓународно ниво. Сето ова е од особена вредност за нашите клиенти во нивната секојдневна работа за обезбедување на квалитет и контрола на квалитетот, за спречување на несреќи, материјална или еколошка штета.
Високи светски стандарди
Со нашите меѓународни партнери ние нудиме обуки според меѓународните стандарди како EN ISO 9712 и SNT-TC-1A.
Главни предности:
На меѓународно ниво ќе го добиете истиот материјал за обука - развиен од страна на експерти.
- Kористиме испитни прашања од база со приближно 15,000 прашања. Извлекувањето на испит е секогаш направено од страна на СЕКТОР Церт или од страна на надлежните органи.
- Сите испитувачи се квалификувани и овластени од страна на СЕКТОР Церт.
- Сертификацијата е секогаш направена во Германија од страна СЕКТОР Церт во согласност со релевантните стандарди и прописи како на пример, ISO 9712, PED, SNT-ТC-1A итн.
- Нашите тренери имаат практично искуство, вклучени се во истражувачки проекти и се со искуство од индустриската област.
Во сите наши обуки нудиме одлично запознавање со физичките основи на методите, стандардите и практичните вежби. Нашите обуки, исто така, вклучуваат најнови информации за техниките и употребата на испитувањата.
Тимот на СЕКТОР Церт Македонија
Управител: Слободан Поповски
Раководител на центар за обука / организација на процес за обука - испит - сертификација: Даниела Саздова
Раководител на центар за обука / организација на процес за обука - испит - сертификација: Даниела Саздова
Администрација: Бојан Дукоски